Програмата Еразмус, акција за размена на студенти и вработени е добра основа за постигнување на ова и затоа треба да се обрне внимание на развојот на оваа програма на универзитетите.
Во своето обраќање, ректорот Беџети истакна дека треба да се создадат инструменти и политики финансирани од државата за да се промовира интернационализацијата на универзитетите, со цел да се достигне темпото со кое се развива пазарот на трудот. Тој, исто така, нагласи дека универзитетските студиски програми треба да бидат прилагодени и координирани врз основа на глобалните стратешки движења и определби, овозможувајќи им на странските студенти да направат најлесно еквивалентно знаење во своите матични земји.
На крајот од својот говор, ректорот Беџети побара посилна заложба на Националната агенција во однос на постигнување на поставените цели за интернационализација на високото образование во РСМ.
