COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правниот факултет одржа трибина по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените

Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа со трибината,која се одржа во четврток (25.11.2021 година)и на која присуствуваше и министерката за правда на Република Косово, Албулена Хаџиу, го одбележа Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

На панелот, покрај министерката Хаџиу, беа и продеканот на Правниот факултет, Арта Селмани - Бакиу; претставникот на НВО „Молкуќја“, Рита Беадини; семејниот терапевт од Лондон, Аделина Бадивуку; професорката Ведије Раткоцери; и Нермине Изаири, виш инспектор во МВР.

Панелот го отвори продеканката Арта Селмани, која зборуваше за активностите што ги презема Правниот факултет во однос на едукацијата и професионалноста на младите кадри во заштитата на човековите права, а особено на правата на жените.

Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу се заблагодари на Правниот факултет и раководството на УЈИЕ за поканата да биде дел од овој значаен настан. „Само со координација на активностите на сите страни и на прво место на државните институции и невладините организации може да се бориме против семејното насилство“, рече министерката Хаџиу.

Познатиот терапевт Аделина Бадивуку со конкретни податоци зборуваше за случаите во светот и други статистики на семејно насилство.

Професорката Ведије Раткоцери зборуваше за важноста на УЈИЕ и Правниот факултет во едукацијата на помладата генерација. Таа го нагласи фактот дека се акредитирани многу предмети кои се занимаваат со семејно насилство со цел да се подигне свеста и да се обезбеди солидно знаење на студентите за справувањето со случаи на семејно насилство и негово отстранување.

За случаите на насилство врз жените и воопшто семејното насилство говореше Нермине Изаири, која презентираше одредени податоци за активностите што ги презема Министерството за внатрешни работи за навремен одговор на случаите на насилство врз жените. Рита Беадини зборуваше за активноста што ја презема невладината организација „Молкуќја“, кампањите што ги организира на социјалните мрежи и пошироко.

Модератор на панелот беше студентката на Правниот факултет Ера Мехметај.

Google+