Целта на потпишувањето на овие договори е да им се даде поддршка на студентите кои ќе се запишат на новиот Факултет на УЈИЕ, Факултетот за здравствени науки (ФЗН), кој се очекува да започне со работа во септември годинава.
„Елаборатот за основање на овој факултет се усвои одо Владата на Република Северна Македонија и оваа поддршка за УЈИЕ е институционално зајакнување, бидејќи од почетокот имаме поддршка од колеџот Хајмерер, кој има германска структура и искуство, бидејќи тие имаат Германски и следствено на тоа европски акредитации и лиценци. Идејата е оваа можност во Факултетот за здравствени науки да се пренесе на УЈИЕ, во однос на практичната и клиничко-практичната работа“, изјави ректорот Беџети.
Претседателот на Управниот одбор на Колеџот Хајмерер, Петрит Беќири, му се заблагодари на ректорот Беџети за кооперативниот пристап и истакна дека општеството и студентите бараат да размислуваме за нови форми, бидејќи решавањето на проблемите бара нови начини за нивно решавање.
„Соработката меѓу двете институции е добар знак и задоволни сме што имаме можност да воспоставиме ваква соработка со УЈИЕ, кој има традиција во својата работа и со поддршка на Европската заедница и колеџот Хајмерер, кој се потпира на искуството.и работа на училиштата Хајмерер, кои работат во Германија веќе 40 години. “, кажа меѓу другото проф.д-р Петрит Беќири.
Колеџот Хајмерер, како германска институција, е лидер во образованието на здравствените работници во Косово.
