Универзитетот на Југоисточна Европа, откако ја доби веста дека Хатиџе Ислами, вработена со скратено работно време на Факултетот за современи општествени науки, го загуби животот во трагедијата во Бугарија, испрати телеграма со сочувство до семејството на починатиот.
„Изразуваме длабоко сочувство и со вас ја споделуваме тагата за загубата на вашата најсакана и наша соработничка Хатиџе Ислами“, се вели меѓу другото во телеграмата.
