Ректорите на двата универзитети ја поздравија билатералната соработка на сите полиња и ја истакнаа потребата од продлабочување и проширување на меѓусебната комуникација со цел непречено одвивање на заедничките активности. И двајцата ректори ја истакнаа конкретната соработка во размената на кадри и студенти, заеднички програми и заеднички студентски активности, заеднички научни и апликативни проекти, проекти за прекугранична соработка, особено по прогласувањето на Шар Планина-Национален парк, организирање на заеднички научни конференции, обезбедување поддршка од УЈИЕ за дигитализација на академските активности и особено Историскиот архив на Лигата на Призрен, како и многу други проекти од заеднички културен и национален интерес.
Ректорот Беџети ја информираше делегацијата на Универзитетот во Призрен за новитетите на УЈИЕ, образовните и истражувачките активности што ги презема Универзитетот, како и за тековната позиција на УЈИЕ во земјава, регионов и меѓу албанските универзитети.
Делегацијата потоа го посети интегрираниот кампус на УЈИЕ, каде што беа информирани за капацитетите, отворените професионални лаборатории и воопшто за универзитетската инфраструктура.