На отворањето на изложбата присуствуваше и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој ја пофали работата на студентите, истакнувајќи го напредокот што тие го постигнале.
„Денес видов одлични дела, кои ја докажуваат вашата одлична имагинација. Ова покажува дека ние чекориме по вистинскиот пат, а вие архитектите на иднината сте многу неопходни за општеството“, нагласи ректорот Беџети.
На изложбата присуствуваа студенти, родители и вработени на УЈИЕ.
