За таа цел денеска во Центарот за идни вештини при УЈИЕ, во Тетово, се одржа состанок на кој присуствуваа ректорот на УЈИЕ, акад. проф. Абдулменаф Беџети, директорот на проектот за идни вештини, проф. д-р Азир Алиу, претставници на УНДП, претседател на Одборот на директори на Нормак Инвестмент Груп, Хаки Етеми и генералниот директор на Нормак, Александар Зарков.
Денешната средба го означува и почетокот на соработката меѓу Универзитетот, проектот за идни вештини и Нормак Инвестмент Груп за оптимизирање на процесите и унапредување на технологиите во различни индустрии, најпрво во Слободната економска зона Тетово, а потоа и низ целата земја.
Состанокот потоа продолжи во работни групи за координација на активностите, каде наскоро се очекуваат конкретни резултати.
