Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Министерот Спасовски одржа предавања за студентите на УЈИЕ за усогласување на законодавството со законодавството на ЕУ

„Усогласување на законодавство во РСМ со европските стандарди и прописи во рамките на МВР“, беше темата на предавањето на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, што го одржа денес (31.10.2022 год.) , за студентите на Универзитетот на ЈИЕ, организирано од Студентското собрание и асоцијација и Правниот факултет.

Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Аднан Јашари истакна дека предавањето се одржува во вистинско време и за студентите е доста корисно да се прошират знаењата и да се слушаат изворните информации за реформите што се спроведуваат.

Во име на Студентското собрание,на министерот Спасовски добредојде му посака претседателот на Студентското собрание и асоцијација, Агрон Демири, кој истакна дека студентите од прва рака ќе бидат информирани за процесите кои се одвиваат во насока на членството на земјата во ЕУ.

„Усогласувањето на законодавството е прилично голем процес и има за цел реформи во слободното движење на граѓаните, безбедноста и гарантирањето на човековите права и слободи. Но, главната реформа е промена на начинот на размислување за да биде успешна имплементацијата на законите“, рече меѓу другото на предавањето министерот Спасовски.

Пред почетокот на предавањето, министерот Спасовски оствари средба со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Студентите поставуваа прашања и се интересираа за конкретните реформи и чекорите што ги преземаат институциите за забрзување на процесот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

Google+