Извештајот го презентираа Сања Маџаревиќ Сујстер, економист за балканскиот регион во Светска банка, г-дин Александар Стојанов и г-дин Едуардо Хименез Сандовал, консултанти.
Поздравен говор одржа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдилменаф Беџети, кој рече дека е многу важно што УЈИЕ е избрана за да се презентира овој важен извештај за државата, а не само. Тој нагласи дека овој извештај што е презентиран денеска ја отсликува нашата економска структура во државата и преку анализи базирани на докази ни покажува во која насока одиме.
Извештајот вклучува анализи и препораки за трговската конкурентност и ефективноста на државната помош во Северна Македонија.
По презентацијата беа поставени неколку прашања од присутните студенти и вработени.
