Во својот поздравен говор, ректорот Беџети, освен што информираше за формирањето на новиот факултет за здравствени науки во УЈИЕ, ја афирмираше и големата потреба на пазарот на трудот во согласност со побарувачката и понудата. Воедно, тој ја истакна и потребата од регионална соработка на здравствените и универзитетските институции за дизајнирање и генерирање на апликативни проекти од сферата на здравството и социјалната заштита, за што се достапни европски фондови.
Ректорот Беџети ја искористи можноста и за билатерални средби со голем број истражувачи и раководители на научни проекти од оваа област со интердисциплинарен карактер на здравствените институти и факултети од Западна Европа, особено со оние од скандинавските земји, кои се модели за успех во ова поле.
Ректорот Беџети одржа специјална работна средба со претседателот на Колеџот Хајмерер, проф. Петрит Беќири и ректорот проф. Наиме Брајшори, УЈИЕ има конкретен договор за соработка во областа на здравствените науки со овој Колеџ.