Ова, меѓу другото, е предвидено во Меморандумот за соработка, кој денеска (03.11.2022 година) го потпиша ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа – акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.
Меморандумот предвидува и вклучување на академскиот кадар од Универзитетот во јавните дискусии во однос на предложените закони, со цел да се добијат најдобри законски решенија, во согласност со нивната соодветна професионалност.
Министерството за информатичко општество и администрација ќе придонесе за дизајнирање на нови студиски програми на Универзитетот на Југоисточна Европа, како и за реализација на заеднички проекти.
