COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа информативна сесија за можностите за студирање во САД

Во организација на Канцеларијата за меѓународна соработка, при Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (2. ноември) беше организирана информативна сесија за студентите и за вработените за можностите за студирање во САД.

За време на оваа презентација, г. Газменд Иљази од Канцеларијата за односи со јавност при Амбасадата на САД во Скопје ги информираше студентите и членовите на кадарот за можностите што им се нудат да студираат или да се усовршуваат на американските универзитети преку различни програми, како што се: Fulbright, SUSI или Global Ugrad.

Во исто време, претставниците на Американското катче во Тетово ја презентираа својата понуда до студентите и до вработените.

Одговорниот на Канцеларијата за меѓународна соработка, Бујар Синани, им се заблагодари на присутните и ги увери дека ќе имаат поддршка од канцеларијата за време на процесот на аплицирање за овие можности и им вети дека секогаш кога е можно ќе се организираат вакви редовни презентации.

Google+