Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа докторска конференција по албански и англиски јазик и литература на УЈИЕ

На Факултетот за јазици, култури и комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се одржа докторска конференција на која докторандите, во присуство на нивните ментори и членови на академскиот совет на овој факултет ги презентираа досегашните достигнувања од нивната научноистражувачка работа од областа на албанскиот и на англискиот јазик и литература.

Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Демуш Бајрами, рече дека ова е добра можност преку дискусија да се дојде до основната премиса на научната работа, која е оригиналноста на секоја докторска дисертација, секогаш во согласност со Правилникот за третиот циклус на студии и современите стандарди што ги применува УЈИЕ за пишување докторски трудови.

„Нашите докторанди можеа да покажат систематско разбирање на својата област на студии, совладувајќи ги вештините и методите на истражување во таа област. Тие го покажаа потребниот степен на академски интегритет во оригиналниот труд, што е достигнување за проширување на границите на знаењето и референца на меѓународно ниво. Ова, пред сè, покажува дека овие кандидати се способни за критичка анализа, евалуација и синтеза на нови и сложени идеи, подготвени да ги пренесат на колегите, на пошироката академска заедница и на општеството во целина. Сево ова покажува дека докторандите во УЈИЕ се способни да промовираат технолошки, социјален или културен напредок“, рече деканот Бајрами.

Google+