Ректорот Беџети во говорот им се заблагодари на директорот и на вработените во Фондот за иновации и технолошки развој, нагласувајќи дека новата лабораторија ќе им служи на студентите и на професорите во реализацијата на практичната работа, но и ќе биде многу корисна за заедницата , особено деловната заедница.
„Нема поголема придобивка од инвестирање во иновации, во образование и наука“, рече меѓу другото во своето обраќање ректорот Беџети.
Тековно на Универзитетот на Југоисточна Европа се отворени специјализирани лаборатории во рамките на Факултетот за здравствени науки за насоката медицински сестри и физиотерапија, форензичката лабораторија при Правниот факултет и лабораторијата за виртуелна и аугментирана реалност во рамките на Факултетот за современи науки и технологии, како како и мултимедијални лаборатории во рамките на Центарот за идни вештини.