Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа панел-дискусија за (не) родова еднаквост врз призмата на правата на сопственост и економското насилство врз жените

Во организација на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес (18.05.2023 год.) се одржа панел-дискусија на тема родова (не)еднаквост врз призмата на правата на сопственост и економското насилство врз жените.

Проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, која ја истакна важноста од справување со овие актуелни теми се заблагодари на мисијата на ОБСЕ што овозможила дискусија на овие теми на Универзитетот.

Панелот го отвори Жанета Поповска, која зборуваше во име на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа рече дека мисијата на ОБСЕ долго време се занимава со прашања поврзани со родовите права.

За темата „Нееднакви имотни права и економско насилство врз жените“, зборуваше доц. д-р Арта Селмани, од Правниот факултет.

На тема „Насилството врз жените во Полошкиот регион“ говореше Небахат Зибери-Имери, од Центарот за социјална работа од Тетово.

На крајот се водеше дискусија помеѓу панелистите и присутните студенти кои поставија многу прашања.

Google+