Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и АЛПАК-ЕКО потпишаа меморандум за соработка со цел промовирање на добри практики за животната средина

Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува да ја проширува соработката во различни сфери, особено во областа на стопанството за да создаде можности за вклучување на заедницата.

Во овој контекст, денес (09.05.2023 год.), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети потпиша Меморандум за соработка со Фатмир Ејуб, директор на компанијата АЛПАК-ЕКО, компанија за пакување и управување на отпадот со пакување.

Целта на меморандумот е развој на програми за подигање на свеста на заедницата за еколошките прашања и заедничко аплицирање на национални и меѓународни повици за проекти поврзани со еколошките прашања и циркуларната економија.

Исто така, двете страни ќе соработуваат во развојот на заеднички иновации за академијата, индустријата и компаниите во истражување и развој.

УЈИЕ и АЛПАК-ЕКО ќе обезбедат поддршка за дизајнирање на обуки и развој на најдобри практики, вклучувајќи ја и студиската програма Енергија, економија и екологија.

Google+