Делегацијата беше пречекана од проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, деканката на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мерита Зулфиу Алили, директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“, проф. д-р Вели Креци и одговорниот на канцеларијата за меѓународни односи, Бујар Синани.
На крајот од посетата, заменик-амбасадорката Џулија Смит одржа предавање пред студентите на УЈИЕ на тема: „Економска инклузија и зајакнување на жените“, во кое презентираше ставови за овозможување рамноправно вклучување на жените во вработувањето, но и во сите други аспекти.
Предавањето го отвори деканката на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мерита Зулфиу Алили, која ја истакна работата на Факултетот за овозможување вклучување на студентите во теми за родова еднаквост и создавање критичко размислување кај нив за вакви чувствителни теми.
Во својот поздравен говор, проректорката Беса Арифи истакна дека Универзитетот е безрезервен поддржувач на сите иницијативи и програми поврзани со економската вклученост и зајакнувањето на жените и ги охрабрува студентите да се вклучат и да бидат активни учесници во нив.
„Статистиката зборува за изразена нееднаквост на жените при вработување, но од витално значење е жените да бидат вклучени и еднакви во сите аспекти. “, рече меѓу другото во своето предавање заменик - амбасадорката Смит.
Во рамките на темата, проф. д-р Мемет Мемети презентираше модели за тоа како можеме да ја подобриме еднаквоста и зајакнувањето на жените во локалната власт.
Александра Филипова, од Националниот младински совет, презентираше за практикантска работа и кариерните патеки – како го наоѓате она што го сакате и што можете да направите?
Сара Миленковска, од мрежата Стела, презентираше на тема Менторство и насоки – кој може да ви помогне да ја пронајдете вашата финансиска независност?
На крајот преку прашања се водеше дискусија на темата со многубројните студенти присутни на предавањето.
