Целта на конференцијата беше да се изградат институционалните капацитети на фискалните совети во земјите од Западен Балкан.
„Поддршката на Светската банка и Европската комисија беше главниот двигател во создавањето и конституирањето на Фискалниот совет во Северна Македонија. Улогата на оваа независна фискална институција останува примарен фокус за фискална консолидација и прудентна фискални перформанси во земјава, бидејќи тоа е и еден од главните предуслови за фискална конвергенција со ЕУ во преговарачкиот процес и пошироко“, истакна ректорот Беџети.
Фискалниот совет, преку информации за фактичката состојба на фискалната политика, придонесува за промовирање на поголема транспарентност, одговорност и зајакнување на кредибилитетот на управувањето со буџетот.
