Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во организација на Правниот факултет се собраа над 100 ученици од средните училишта во Скопје во рамките на Зимската правна школа

Зимската правна школа беше настанот на кој се собраа над 100 средношколци од овој град во Кампусот на УЈИЕ во Скопје, со цел да ги запознае младите со основните концепти за правото. Во оваа организација учествуваа ученици од средните училишта, како што се: „Зеф Луш Марку“, „Цветан Димов“, „Арсени Јовков“ и Гимназијата од Сарај.

Активноста ја организираше Правниот факултет во рамките на мисијата за придонес кон заедницата и општественото влијание, како и опремување на младите со основни вештини за правни концепти.

Матурантите имаа можност да слушаат предавања поделени во две сесии од сите сфери на правото, на кои предавачи беа професорите на Правниот факултет:

- Проф. д-р Јетон Шасивари одржа предавање на тема: „Видови држави според формата на владеење: Монархија и Република“;

- Доц. д-р Албана Метај- Стојанова на тема: „Правен идентитет на физички лица: Зошто е важно вашето име?“;

- Доц. д-р Ведије Раткоцери на тема: „Злосторство и казна“; и

- Проф. д-р Арта Меро: „Правниот пат до семејството – права и одговорности“

Овие теми предизвикаа посебен интерес кај младите кои преку прашања и дискусии со предавачите придонесоа да замре нивната љубопитност за овие теми.

На крајот, како успешна завршница на активноста, на учениците им беа доделени сертификати за учество, а признанија добија професори и предавачи од средните училишта.

Google+