Пред студентите, презентација на трудот на академик Таки Фити имаше деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази Алили. Таа издвои делови од биографијата, истакнувајќи го неговиот академски придонес за економската мисла во земјава и пошироко.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдилменаф Беџети во својот поздравен говор истакна дека нема поквалификуван економист од академик Таки Фити да го претстави патувањето на нобеловците по економија.
„Тој се издвојува по својата елоквентност и јасни предавања и е еден од најдобрите писатели на економски книги. Тој е вистински професионалец и во својата книга за нобеловците го даде најдобриот опис на светската економска мисла во последните шеесет години од професорите кои во некаков облик тековно одржуваат предавања на Факултетот за бизнис и економија акои соработувале со академик Таки Фити“, рече меѓу другото ректорот Беџети.
Академик Таки Фити истакна дека се чувствува привилегиран што предава на УЈИЕ, меѓу студентите и особено меѓу колегите. Тој детално ја презентираше темата, нагласувајќи го конкретниот придонес на нобеловката Клаудија Голдин.
„Нобеловката Клаудија Голдин најдобро ја разбра и ја проучуваше родовата дискриминација во економијата, особено на пазарот на трудот, а нејзината работа претставува извонреден придонес во ова поле“, рече академик Фити.
Предавањето беше проследено со голем интерес од студентите и од вработените на Универзитетот.
