Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ја одбележа 22. годишнината од основањето

Во присуство на вработените, студентите, членовите на семејствата, поканетите гости, Универзитетот на Југоисточна Европа на свечена церемонија денес (17.11.2023 година) ја одбележа 22-годишнина од своето основање. На оваа свеченост беа промовирани и новите доктори на науки.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во својот свечен говор истакна дека УЈИЕ посветено ќе го продолжи патот на стандарди за обезбедување квалитет, пазарна флексибилност, мултикултурни вредности, постојана интернационализација и дигитализација, меѓууниверзитетска соработка во земјава и во странство, секогаш потпирајќи се на принципот на конкуренција во соработката.

„Зголемен е квалитетот на студентите, покрај бројот на пријавени, поради зголемениот фонд на универзитетски стипендии, правичната и ефикасна распределба на ресурсите, зголемувањето на научните и на апликативните проекти, континуираното зголемување на финансиската поддршка од државниот буџет, зголемување на комерцијалните активности и со Технолошкиот парк во рамките на деловниот субјект Бизнис иновејшн сентр. Сите значително влијаеја врз зголемувањето на капацитетот и на финансиската стабилност на Универзитетот“ истакна меѓу другото ректорот Беџети во своето излагање.

„Несомнено, формирањето на Универзитетот на Југоисточна Европа е важен датум за високото образование на албански јазик, бидејќи со него беше скршена политичката и психолошката бариера кон оние кои го негираа нашето природно право. Поради недостаток на визија и разбирање, Албанците мораа да водат бројни политички битки за да се стекнат со правото на високо образование, и за среќа, ние сме тука каде што сме денес, со уставно загарантирано право, со непоколеблива евроамериканска ориентација“ истакна во обраќањето првиот заменик-премиер на Владата на РСМ, Артан Груби.

„Бројот 22 означува прецизност и рамнотежа. Во својот полн капацитет, овој број е градител, што значи дека дава моќ да се постигнат речиси невозможни работи. И уште еднаш ja има оваа прекрасна референца за мисијата на УЈИЕ: Оживеј го знаењето. Сите вработени и студенти на УЈИЕ можат да бидат горди што работат на универзитет кој ги поддржува на многу начини за да ги постигнат своите цели.“ рече во говорот претседателот на Одборот ан УЈИЕ, проф.д-р Клаус Тотерман.

Во рамките на церемонијата, ректорот и претседателот на Одборот на Универзитетот симболично доделија персонализирани сребрени медали и признанија на вработените кои наполнуваат 20 години работно искуство на Универзитетот. Беа доделени и благодарници на личности кои придонеле за интернационализација и развој на Универзитетот.

На свеченоста по повод 22.годишнина на Универзитетот беа промовирани докторандите од генерацијата 2022-2023 година, на кои свечено им беа доделени дипломите.

За уметничката страна на церемонијата се погрижија познатите уметници од Тетово, сопранистката Бесарта Муртезани и пијанистот Шкелзен Бафтијари.

Google+