Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа тркалезна маса за циркуларната економија

Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа и Центарот за бизнис и иновации, во рамки на проектот кофинансиран од СловакАид, денес (10.10.2023) ја одржаа тркалезната маса на тема: „Циркуларна економија во Северна Македонија – препораки засновани на лекциите научени од Словачка“. На отворањето на тркалезната маса обраќања имаа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и амбасадорот на Словачка во Северна Македонија Ш.Т. Хенрик Маркус.

Во својот говор, ректорот Беџети се заблагодари на словачката влада и на словачките даночни обврзници за поддршката во реализацијата на овие проекти кои нудат бројни можности за стопанството.

„Ефектите од циркуларната економија се повеќекратни и пред се еколошки, социјални и економски“, истакна во своето излагање ректорот Беџети.

Словачкиот амбасадор, Ш.Т. Хенрик Маркуш во својот говор ги објасни целите зошто СловакАид го поддржа овој проект, кои се можностите и придобивките за земјата. Тој рече дека поважно е да се подигне свеста на граѓаните и потоа да се најде систематско решение за проблемот со отпадот.

Презентацијата на резимето на наодите во рамките на проектот ја направи Авни Арифи, координатор на проектот.

На тркалезната маса учествуваа претставници на компании, студенти од областа на екологијата и академски и административен кадар.

Google+