Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа конференција за зајакнување на жените во Северна Македонија

Во организација на Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа во партнерство со ХЕКИМА и Стопанската комора на жени, денес (07.12.2023 година) се одржа конференцијата на тема: „Зајакнување на жените во Северна Македонија: вклучување и иновации во претприемништвото“. Конференцијата беше поддржана од SlovakAid и проектот за економски раст на ЕУ (EU4EG), кофинансиран од Европската Унија, нарачан од германското федерално министерство за економски прашања и климатски активности, и имплементиран од ГИЗ и научниот парк АРЕА.

На конференцијата присуствуваа претставници од различни државни институции, амбасадори, претставници од приватниот сектор, меѓународни организации, невладини организации и други заинтересирани страни од оваа област.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети како главен говорник на конференцијата истакна дека застапеноста на жените на пазарот на трудот е неповолна поради културно-историските околности. Сепак, нагласи ректорот Беџети, во последно време има напредок во застапеноста на жените во многу институции и на пазарот на трудот. Конкретен пример е Универзитетот на Југоисточна Европа, каде во раководството на деканатите и ректоратот над 50% се жени, кои одлично ја извршуваат работата на Универзитетот.

Амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркус, во својот воведен говор, ја поздрави оваа конференција, изразувајќи ја поддршката на амбасадата и словачкиот народ за оваа благородна иницијатива. Нашата амбасада можеби е мала, но секогаш се обидуваме да и помогнеме на вашата земја колку што можеме, рече амбасадорот Маркус.

Во првата сесија, на тема: „Зајакнување на жените во претприемништвото: перспективата на Северна Македонија, панелисти беа Ивана Улична, основач на ХЕКИМА, Вељанд Рамадани, професор на УЈИЕ, Фестим Халили, директор на ФИРТ и Мимоза Тачи, претседател на Стопанската комора на жените.

На втората сесија, на тема: „Циркуларна економија и одржлив бизнис: Жени кои водат промени“, панелисти беа: Ивана Малес, ко-основач на Институтот за циркуларна економија (ИНЦИЕН), Олимпија Христова Заевска, консултант, Шенај Хаџимустафа , професор на УЈИЕ и Фатмир Ејуб, директор на Алпак-Еко.

На третата сесија, на тема: „Жените во технологијата: Навигација по дигиталната граница“, панелисти беа: Флорије Исмаили, професорка во УЈИЕ, Моника Ризовска Таневска, амбасадорка на Жените во технологијата (Women in Tech), Влора Адеми, менаџер на Диџикјуб Digicube и Ера Мемети , менаџер на Inspire 11.

Google+