„Бројот на новозапишани студенти ги надмина очекувањата, бидејќи успеавме да запишеме над илјада студенти. Во оваа компонента продолжуваме со новите академски понуди, бидејќи сега се работи на проширување на академските единици, од 6 на 7, бидејќи сме во фаза на регистрација на новиот факултет, односно Факултетот за технички науки, што е поврзан со барањата и спецификациите на пазарот на трудот“, нагласи ректорот Беџети.
Во однос на студентските стипендии, ректорот Беџети истакна дека останува истиот пакет стипендии, според кој новите студенти добиваат стипендија според нивниот успех во средното образование, но со промена истиот се проширува со нудење стипендии на студенти кои немаат постигнато успех во средното образование. Станува збор за моделот „превртување“, кој им овозможува на сегашните студенти да се здобијат со стипендија врз основа на нивниот успех во студирањето, искористувајќи го губењето на стипендијата од студентите кои автоматски се здобиле врз основа на успехот во средното образование.
Ректорот понатаму најави дека е зголемен и бројот на научни истражувања што ги реализира академскиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Бројот на научни проекти го надмина капацитетот на УЈИЕ, кој речиси нема академски кадар, но и значителен дел од административниот кадар е вклучен во еден или повеќе научни проекти“, рече ректорот Беџети.
Во однос на инвестициите во инфраструктурата на Кампусот во Тетово, ректорот истакна дека во текот на оваа година од буџетот на Универзитетот е инвестирана рекордна сума од околу 1 милион евра за одржување и развој на физичката состојба на два студентски домови и објекти како и новиот реконструиран факултет, а променета е и целата ИТ- инфраструктура.
УЈИЕ е многу актуелен како придонесувач со социјално влијание во креирањето на нови стандарди во високото образование и е присутен во сите регулаторни тела на високото образование во Република Северна Македонија.
„Сега и најголемите универзитети во земјава и во регионов го сметаат УЈИЕ како модел за тоа како треба да се ревидираат стандардите во високото образование, како во делот на академската, финансиската, организациската така и делот во кадровската слобода“, истакна Ректорот.
На прес-конференцијата присуствуваше целото високо раководство на Универзитетот, проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Адриан Бесими, генералниот секретар, д-р Џеваир Мемеди и советникот за обезбедување квалитет, проф. д-р Вероника Карева.
