Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети учествуваше на конференцијата за годината на европските можности - Целосната интеграција е процес без алтернатива

Во контекст на академскиот придонес и активното учество во важни општествени процеси, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествуваше на конференцијата „Година на европски можности“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, во Скопје.

„Целосната интеграција е процес без алтернатива, а 2024 година е клучната година за членството на Северна Македонија во ЕУ. Во центарот на евроинтеграциите, фокусот треба да биде ставен на образовниот сектор во функција на создавање на човечки капитал, како основен фактор за развој и подобрување на стандардот, во спротивно државата ќе продолжи да се празни од младите и најспособните барајќи подобар живот на Запад“, нагласи ректорот Беџети.

Конференцијата ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, а присуствуваа најважните личности од институциите одговорни за интеграција, како и познати експерти кои придонесуваат за подобрување на владините политики во интегративниот процес на Северна Македонија.

Конференцијата се одржа во четири панели, на кои се дискутираше за политиките и мерките што ги презема Владата за полноправно членство на земјава во ЕУ.

Google+