Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Средба помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот на Елбасан „Александар Џувани“

Можноста за соработка во областа на високото образование и научното истражување беше главна тема на средбата што ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, ја оствари во вторник (17. декември 2024 г.) со делегација од Универзитетот од Елбасан „Александар Џувани“, предводена од проректорот за научно истражување, проф. д-р Скендер Топи.

За време на средбата беше истакната важноста на размената на академски искуства меѓу двата института, како и креирањето заеднички програми за студии и за истражување.

На средбата присуствуваа и Ељан Хоџа, администратор и Артан Тери од Канцеларијата за меѓународна соработка на Универзитетот од Елбасан, како и Бујар Синани, раководител на канцеларијата за меѓународна соработка на УЈИЕ.

Оваа средба заврши со заложба за продолжување на дијалогот и конкретната соработка, со цел унапредување на академскиот квалитет и приближување на образовните институции во регионот.

Google+