Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) оствари многу значаен резултат на глобалното рангирање QS на позицијата 576. Со ова нашиот универзитет е блиску до Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој е на позицијата 440, и многу блиску до Универзитетот „Гоце Делчев“, кој е на позицијата 558, како и многу далеку од Универзитетот „св. Климент Охридски“, кој е рангиран на 675 позиција.
Во споредба со другите албански универзитети, УЈИЕ има многу повисока позиција и е на првото место, оставајќи ГИ зад себе сите други албански универзитети во регионов. Според листата на глобалното рангирање QS , Универзитетот за земјоделски науки во Тирана е рангиран на 605 место, додека Универзитетот „Александар Моису“ во Драч е на 607 место. Ниту еден албански универзитет не е пред Универзитетот на Југоисточна Европа со што се потврдува угледот на оваа високообразовна институција.
Една друга важна промена оваа година е дека бројот на универзитетите кои се дел од ова рангирање се зголеми. Според новите податоци, се додадени околу 300 нови универзитети, што доведе до вкупно над 1.700 универзитети вклучени во рангирањето оваа година. Овој развој е доказ за подобрувањето и проширувањето на конкуренцијата помеѓу универзитетите во светот.
Во споредба со претходното рангирање, ова рангирање покажува значително напредување на Универзитетот на Југоисточна Европа и неговото сѐ поголемо вреднување на меѓународен ниво.
