Најнови информации
-
Во Уметничката галерија во Тетово се отвори изложбата „Pollution Painting – Тetovo“
28 мај 2025Денес, во Уметничката галерија во Тетово се отвори дводневната изложба насловена „ Pollution Painting – Тetovo “, на која учествуваа студенти, професори, уметниции како и претставници од Универзитетот во Бирмингем. Изложбата се организираше од Институтот Макс ван дер Штул на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Претседателот на Одборот на УЈИЕ - Клаус Тохтерман - избран за претседател на EOSC-A
28 мај 2025Антверпен, 28 мај 2025 год. — Клаус Тохтерман, претседател на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), е избран за нов претседател на Асоцијацијата за Европски Облак за Отворена Наука (European Open Science Cloud EOSC-A), наследувајќи го Карел Лајбен, кој речиси седум години имаше водечки улоги во заедницата на EOSC.
-
Студиска посета на претставници и студенти од Универзитетот за применети науки во Урошевац на Универзитетот на Југоисточна Европа
23 мај 2025Денес, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, студиска посета остварија претставници od Универзитетот за применети науки од Урошевац (УПНУ), придружувани од група студенти од овој универзитет.
-
Се одржа Националниот круг на Економската олимпијада во УЈИЕ – Сцена на младинска иновација
20 мај 2025На 17 мај 2025 година, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово се претвори во жив центар на знаење, иновација и критичко размислување, пречекувајќи го Националниот круг на Економската олимпијада – едно од најпрестижните натпреварувања за средношколци во земјава.
-
Се одржа Првата меѓународна конференција за физиотерапија – Платформа за знаење, иновации и регионална соработка
18 мај 2025На 17. мај 2025 година, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово успешно се одржа Првата меѓународна конференција за физиотерапија, важен настан што ги собра здравствените работници, истражувачите, предавачите и претставниците на локалните и на меѓународните институции од областа на физиотерапијата.
-
Библиотеката „Макс ван дер Штул“ – Библиотека на годината 2024!
16 мај 2025На Петтата Национална конференција, организирана од Здружението на библиотекари на Република Северна Македонија, нашата библиотека беше почестена со престижната награда „Библиотека на годината 2024“!
-
Ректорот Беџети на 15-годишнината на IBC-Митровица: Повик за регионална соработка во високото образование
15 мај 2025Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествуваше на свечената церемонија по повод 15-годишнината на Меѓународен бизнис колеџ – Митровица (IBC-M), кој од 2023 година функционира како јавен универзитет во Косово. Церемонијата се одржа денес (15.05.2025г.) на кампусот на IBC-M во Митровица.
-
ISCBE 2025: УЈИЕ во центарот на глобалната дебата за одржливост и економски иновации
8 мај 2025Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа денес (8. мај 2025 година) го организираше осмото издание на Меѓународната научна конференција за бизнис и економија – ISCBE 2025, на тема „Економска отпорност и одржливост - предизвици и перспективи “.
-
Кариерата започнува тука – Саем за кариера 2025 во УЈИЕ
29 април 2025Денес (29.04.2025 г.), на Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа Саемот за кариера 2025, организиран од Центарот за кариера, со учество на над 60 домашни и меѓународни компании.
-
Факултетот за здравствени науки при УЈИЕ ги пречека матурантите на Отворениот ден
23 април 2025Факултетот за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа денес ги отвори вратите за матурантите со медицински профили од Тетово, од Гостивар, од Струга и од Кичево, во рамки на Отворениот ден што се организираше со цел да се промовираат образовните можности и практичното искуство што ги нуди овој Факултет.
-
УЈИЕ организираше комеморативна средба во почит на проф. д-р Хамит Џафери
23 април 2025Факултетот за јазици, култури и комуникација при Универзитетот на Југоисточна Европа денес организираше комеморативна средба на која му оддаде почит на животот и делото на проф. д-р Хамит Џафери, ценет професор и посветен соработник во областа на лингвистиката и високото образование.
-
УЈИЕ со комеморативен собир оддаде почит на животот и делото на проф. д-р Аслан Билали
23 април 2025Во организација на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, денес се одржа комеморативна средба на која се оддаде почит на животот и делото на проф. д-р Аслан Билали, еден од основачите на овој Факултет и една од најпочитуваните личности од областа на високото образование и правосудството во државава.
-
Летна правна школа на УЈИЕ: „Ние, законот и правото“ – прозорец кон правната иднина за младите
18 април 2025На 18. април 2025 година во организација на Правниот факултет во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа второто издание на Летната правна школа „Ние, законот и правото“, со учество на околу 200 ученици од средните училишта од градовите Тетово, Гостивар и од околината.
-
Проф. д-р Веланд Рамадани меѓу највисоко ценетите научници во областа на бизнисот и менаџментот во земјава и на меѓународно ниво
16 април 2025Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) продолжува да се афирмира како центар на академска извонредност, благодарение на постигнувањата на својот кадар. Проф. д-р Веланд Рамадани, професор на Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ, е рангиран прв во Македонија и меѓу 1500-те најдобри научници во светот во областа на бизнисот и менаџментот, според изданието за 2025 година на глобалната ранг-листа објавена од престижната академска платформа https://research.com/scientists-rankings/business-and-management/mk.
-
УЈИЕ и Универзитетот за применети науки во Урошевац ја конкретизираат академската соработка
16 април 2025Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) ја зајакнува својата улога како водечка институција во меѓууниверзитетската соработка во регионов.
-
Конкурс за најдобар бизнис-план во УЈИЕ – Идеи на млади луѓе кои ја инспирираат иднината!
7 април 2025Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во соработка со Центарот за бизнис и иновации, на 4. април 2025 година (петок), ја организираше активноста „Конкурс за најдобар бизнис - план“, во рамките на летниот камп и „Отворениот ден“ на Универзитетот.
-
Матуранти од целата земја го посетија УЈИЕ на „Отворен ден 2025“
4 април 2025Матурантите од средните училишта во Тетово, Скопје, Гостивар, Дебар, Струга и други градови од земјава учествуваа на „Отворениот ден“ организиран од Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа денес (04.04.2025 година), во Кампусот на Универзитетот во Тетово.
-
УЈИЕ изразува сочувство за трагедијата во Кочани
16 март 2025Универзитетот на Југоисточна Европа изрази длабоко сочувство за тешката трагедија што го погоди градот Кочани, во која загинаа над 50 лица, а повеќе од 100 се повредени.
-
ChallengeEU: Почеток на ново поглавје!
13 март 2025На 12. март, девет европски универзитети остварија средба во Офенбург, Германија, за да го потпишат Конзорциумскиот договор, со што официјално ја започнаа Алијансата ChallengeEU. Оваа иницијатива има за цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на високото образование во Европа, да се зајакне интеграцијата и да се олесни мобилноста за студентите, за академскиот кадар и за научната заедница. Покрај другите стратешки цели, во фокусот на проектот е трансформацијата на универзитетите во компонентата за поддршка на влијанието на индустријата, дигиталните аспекти, учењето со знаења и вештини за иднината, кои ќе одговорат на дигиталната генерација и трансформираниот пазар на трудот и општеството во целина.
-
Посебен настан во УЈИЕ за 7. март – Денот на учителите и Денот на првото албанско училиште
7 март 2025По повод 7. март, Денот на учителот и Денот на првото албанско училиште, денес на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се одржа свечена манифестација на која присуствуваа студенти, професори, наставници и други гости.