Како член на оваа коалиција, Универзитетот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува својата позиција како лидер во промовирањето на одржливиот развој, интегрирајќи ги целите за одрлив развој во студиските програми, научно-истражувачката работа и студентските иницијативи истовремено поттикнувајќи меѓууниверзитетска соработка на национално ниво.
На официјалната презентација присуствуваше и проф. д-р Беса Арифи, Советничка за заедницата и меѓународни односи, која го истакна активниот придонес на УЈИЕ во унапредувањето на Агендата 2030 и во создавањето одржливи решенија за општеството.
