Во рамките на оваа значајна иницијатива, постојаната координаторка на Обединетите нации, г-ѓа Рита Колумбија, и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими, потпишаа Декларација за намери, со која се формализира стратешкото партнерство меѓу ОН и УЈИЕ во поддршкатана на одржливиот развој.
Обединетите нации ја истакнаа и својата благодарност до Универзитетот на Југоисточна Европа за неговата долгорочна посветеност на принципите на одржливост, општествената одговорност и на активната соработка со системот на ОН.
Преку платформата SustainEd, УЈИЕ ќе има значајна улога во мобилизирање на академската експертиза, научно-истражувачката работа и студентскиот ангажман во насока на имплементација на целите за одржлив развој и Националната стратегија за развој, придонесувајќи за забрзан, инклузивен и одржлив развој на државава.
