Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ станува дел од престижната меѓународна мрежа CEEMAN

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) стана член на CEEMAN (Central and East European Management Development Association) една од најпознатите меѓународни мрежи во областа на развојот на менаџментот и високото образование, со седиште во Блед, Словенија.

CEEMAN создаде глобална платформа за соработка, иновации и размена на најдобри практики, со цел унапредување на квалитетот на менаџерското образование и поврзување на академските институции од целиот свет. Тековно, оваа мрежа вклучува околу 180 членови од 50 земји од Европа, Северна Америка, Латинска Америка, Африка и Азија.

„Со над 80 студиски програми организирани на седум факултети, УЈИЕ нуди современа и инклузивна средина, која промовира меѓукултурен дијалог и соработка. Универзитетот се издвојува по своите напредни методологии на настава, дигитална инфраструктура и пристап ориентиран кон пракса, подготвувајќи ги студентите за предизвиците на сè поконкурентниот глобален пазар“, се наведува во официјалното соопштение на оваа мрежа.

Членството на УЈИЕ во оваа престижна мрежа претставува уште еден важен чекор на патот на интернационализацијата на Универзитетот, потврдувајќи ја неговата посветеност на академскиот квалитет, иновациите и современите пристапи во наставата.

Google+