Обраќајќи им се на студентите и академскиот кадар, амбасадорот Меидани ја истакна важноста на дипломатијата како клучен инструмент за зајакнување на регионалната стабилност и унапредување на процесот на интеграција во Европската унија. Тој посебно се осврна на актуелните политички и дипломатски случувања во регионот, постојните безбедносни предизвици и улогата на високото образование во градењето одржливи партнерства меѓу земјите од Западен Балкан.
Пред предавањето, амбасадорот Меидани оствари средба со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, на која беше разговарано за зајакнување на регионалната и меѓународната академска соработка, како и за дипломатската поддршка на образовните и научните иницијативи. На состанокот присуствуваа проректорот за планирање, истражување и претприемништво, проф. д-р Веланд Рамадани, советничката за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Флорије Исмаили, како и советничката за односи со заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арфи
Предавањето беше отворено со поздравно обраќање од проф. д-р Беса Арифи, која ја нагласи важноста на меѓу-институционалната соработка и улогата на дипломатијата во воспоставувањето ефективни канали за комуникација меѓу универзитетите и државните институции.
Во своето излагање, амбасадорот Меидани ги сподели согледувањата за дипломатските перспективи на Албанија во регионот, со посебен акцент на процесите на европска интеграција, регионалната безбедност и потребата од зајакнување на меѓу-универзитетската академска соработка.
Настанот заврши со интерактивна и конструктивна дискусија со студентите, при што беа отворени теми од особен интерес поврзани со улогата на младите, високото образование и дипломатијата во зајакнувањето на регионалните и европските односи.
Предавањето беше модерирано од проф. Аритон Рама, кој воедно го водеше и интерактивниот разговор со присутните студенти.
Предавањето беше организирано од Факултетот за современи општествени науки при УЈИЕ, како дел од континуираната заложба на Универзитетот за поттикнување директен дијалог меѓу студентите, дипломатите и другите истакнати јавни личности.
