Амбасадорката Ајзен се сретна со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, и со советникот за односи со заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи.
Ректорот Ибраими изрази благодарност за посетата и ја нагласи посветеноста на Универзитетот за градење мостови на соработка со меѓународни институции и партнери.
На средбата се разговараше за можностите за соработка со универзитетите во Израел, особено во областа на техничките науки.
