Најнови информации
-
Беше одржан Форумот ЕКОНЛИT 2025 на УЈИЕ во Скопје
15 декември 2025Претставници од академската заедница, јавните институции, приватниот сектор, граѓанското општество и средното образование се собраа во саботата, на 13. декември, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, во рамките на форумот ЕКОНЛИТ 2025, со фокус зајакнување на економското и финансиското образование во Северна Македонија.
-
Претставници на Форумот за промени во образованието во посета на УЈИЕ
15 декември 2025Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денес го посетија претставници на Форумот за промени во образованието (ФПО), Ардит Рамадани и Веса Шерифи, кои им честитаа на раководството на Универзитетот за постигнатите резултати во Индексот на транспарентност во високото образование.
-
Стратешка академска соработка меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Елбасан „Александар Џувани“
12 декември 2025Денес, во Елбасан, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Садудин Ибраими, и ректорката на Универзитетот во Елбасан „Александар Џувани“, проф. д-р Елвира Фетаху, потпишаа договор за соработка, со акцент на напредокот на образованието и научното истражување преку заеднички проекти и академска размена. Договорот има за цел да создаде нови можности за професионален и академски развој на наставниот кадар и студентите, како и за зајакнување на меѓуинституционалните врски.
-
Студенти од УЈИЕ учествуваат на првата средба на студентските амбасадори на ChallengeEU во Офенбург
9 декември 2025Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со гордост ве информира дека двајца наши студенти, Мевлан Адеми и Гајур Мемети го претставуваа УЈИЕ на првата официјална Средба на студентските амбасадори на ChallengeEU, која се одржа минатата недела на Хохшуле Офенбург, Германија.
-
Aмбасадорката на Јапонија, нејзината екселенција Сецуко Кавахара, го посети УЈИЕ и одржа предавање за јапонската надворешна политика
2 декември 2025Амбасадорката на Јапонија, нејзината екселенција Сецуко Кавахара, денес го посети Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што беше домаќин на официјалната средба со цел зајакнување на академската и на меѓународната соработка меѓу УЈИЕ и јапонските институции.
-
Официјално започнаа 16 дена активизам против родово базирано насилство - Студентите од Правниот факултет во центарот на кампањата
27 ноември 2025Правниот факултет и Институтот „Макс ван дер Штул“, во рамките на проектот ChallengeEU и групата зa отворен пристап, разновидност, еднаквост и вклучување (ODEI Оpen access diversity equality and inclusion) со активноста одржана вчера (26.11.2025 г.), во Центарот на УЈИЕ во Скопје, официјално ги отворија 16-те дена активизам против родово базирано насилство со семинарот „Портокалово за подигање на свеста: Јакнење на студентите по правни науки против родово базирано насилство“, кој оваа година се фокусираше на глобалната тема: „UNiTE (обединети) за ставање крај на дигиталното насилство врз жените и девојчињата“.
-
Резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија, го посети УЈИЕ
26 ноември 2025На Универзитетот на Југоисточна Европа, во понеделник (24.11.2025), Ректорот, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари работна средба со Резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, г-ѓа Рита Колумбија, со која водеше конструктивен разговор за продлабочување на соработката меѓу двете институции.
-
Делегацијата на УЈИЕ, предводена од Ректорот Ибраими, присуствуваше на приемот на Амбасадата на Албанија по повод 28. ноември – Денот на независноста
25 ноември 2025Делегацијата на УЈИЕ, предводена од ректорот, проф. д-р Садудин Ибраими, присуствуваше на приемот организиран од Амбасадата на Република Албанија во Скопје, по повод 28. ноември – Денот на независноста и Денот на албанското знаме.
-
Францускиот амбасадор Ле Риголер го посети УЈИЕ: се отвораат нови можности за академска и за културна соработка
24 ноември 2025Амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, денес оствари работна средба со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими, на која се дискутираше за продлабочување на академската соработка и за унапредување на заедничките проекти меѓу УЈИЕ и француските универзитетски институции.
-
Делегација од УЈИЕ присуствуваше на централниот манифест и на научната трибина по повод Денот на албанската азбука во Битола
24 ноември 2025Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими, придружуван од проф. д-р Беса Арифи, Советничка за заедницата и за меѓународни односи, денес учествуваа на двата главни настани организирани во Битола по повод 22. ноември – Денот на албанската азбука.
-
УЈИЕ свечено го одбележа 24-годишниот јубилеј: значајна присутност и визионерски пораки за иднината
21 ноември 2025Универзитетот на Југоисточна Европа денес ја одржа централната свеченост по повод 24-годишнината од своето основање, настан на кој присуствуваа ректори од јавните универзитети од земјава и од регионов, претставници на дипломатскиот кор, бизнис-заедницата, телата за акредитација и квалитет во високото образование, како и многу други почитувани гости.
-
УЈИЕ беше домаќин на меѓународната делегација на настанот за зајакнување на општествената резилиенција кон дезинформации
20 ноември 2025Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денес беше домаќин на висока меѓународна делегација во рамките на настанот „Искористување на алатките со отворен извор за зајакнување на општествената резилиенција кон дезинформации“, коорганизиран од групата за медиумска писменост и истражување на дезинформации при Институтот“ Макс ван дер Штул“ (МВДШИ), во партнерство со Амбасадата на Литванија во Северна Македонија, Делегацијата на ЕУ и Europe House.
-
Фестивалот „Инклузивно творештво: фестивал за сите“ се одржа на УЈИЕ
12 ноември 2025Денес, на Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа фестивалот „Инклузивно творештво: фестивал за сите“, организиран од Библиотеката „Макс ван дер Штул“, кој пренесе емоции, талент и љубов преку уметноста.
-
Делегација од Меѓународниот Балкански Универзитет во посета на УЈИЕ
6 ноември 2025Делегација од Меѓународниот Балкански Универзитет (IBU), предводена од ректорот проф. д-р Лутфи Сунар, и составена од асистент професор д-р Ебру Ибиш, проректорка за образование, вонреден професор д-р Катерина Митевска Петрушева, проректорка за истражување и проекти, како и проф. д-р Енис Реџеп, декан на Факултетот за стоматологија, оствари посета на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).
-
УЈИЕ учествува на Првиот форум за квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe
29 октомври 2025На 27. октомври 2025 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe се одржа првиот форум за квалитет, под мотото „Со квалитет кон извонредност“. На настанот присуствуваа претставници на високообразовните институции, вклучувајќи го министерот за образование и наука, ректори на јавни и приватни универзитети, претставници на Агенцијата за квалитет во високото образование, декани, сенатори, студенти и претставници на деловната заедница.
-
Меѓународна делегација на УЈИЕ ќе ја прошири академската соработка
28 октомври 2025Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес ја пречека меѓународна делегација со претставници од реномирани глобални академски институции, на состанок насочен кон зајакнување на меѓународната соработка и истражување на можностите за заеднички академски развој.
-
Панел-дискусија за подигање на свеста за ракот на дојка кај жените
22 октомври 2025Во рамките на активностите за подигање на свеста за здравјето на жените, на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Факултетот за здравствени науки и Ротари клубот Тетово, денес се одржа панел- дискусија на тема „Подигање на свеста за ракот на дојка кај жените“, со цел зголемување на свеста за важноста на раната дијагноза и современиот третман на ракот на дојка.
-
УЈИЕ ја зајакнува врската меѓу образованието и пазарот на трудот преку проектот ChallengeEU и платформата M.A.R.K.E.T.
22 октомври 2025На Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа трибина на тема „Поврзување меѓу образованието и пазарот на трудот“, организирана во рамките на проектот ChallengeEU.
-
Ректорот Ибраими присуствуваше на промоцијата на книгата „Масакрите во Косово 1998–1999“
13 октомври 2025Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува да ја покажува својата посветеност да биде активен учесник во развојот со значење за општеството, културата и историјата во регионов. Како академска институција, УЈИЕ придонесува кон зачувувањето на историското сеќавање и промовирањето на научната вистина преку поддршка на иницијативи кои го поттикнуваат истражувањето, дебатата и рефлексијата за теми што ја засегаат заедницата.
-
Проф. д-р Вељанд Рамадани учествува на меѓународната конференција за демографските промени и пазарот на трудот во Тирана
13 октомври 2025На 10 и 11 октомври 2025 година, во Тирана се одржа меѓународната научна конференција „Демографските промени и динамиката на пазарот на трудот – предизвици на одржливиот економски развој во Албанија, Косово и регионот“, организирана од Академијата на науки на Албанија и Академијата на науки и уметности на Косово.