Во составот на делегацијата беа и Ања Хуовинен, раководител на Секторот за меѓународна соработка во FHNW, Шафак Коркут, предавач во Институтот за информациски системи, како и проф. д-р Николина Фудуриќ, предавач во Институтот за конкурентност и комуникација.
Делегацијата оствари работна средба со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, раководниот тим на Универзитетот и претставници на Институтот „Макс ван дер Штул“ при УЈИЕ.
Средбата се реализираше во рамките на меѓуинституционалната соработка меѓу двата универзитета и активностите на проектот ChallengeEU, со фокус на унапредување на академските партнерства, развој на заеднички истражувачки проекти, мобилност на студентите и кадарот, како и размена на најдобри практики во областа на високото образование и иновациите.
За време на состанокот, соговорниците дискутираа за можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес, нагласувајќи го значењето на меѓународните универзитетски мрежи во справувањето со современите предизвици и во создавањето нови можности за студентите, истражувачите и академската заедница.
