Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Делегација на ИНОВА го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и Технолошкиот парк

Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на делегација од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), која реализираше официјална работна посета на универзитетскиот кампус и просториите на Технолошкиот парк (TechPark).

Делегацијата на ИНОВА, предводена од директорката Даниела Димовска, оствари средба со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими. На средбата се разговараше за значењето на меѓу институционалната соработка во областа на иновациите, технолошкиот развој и поддршката на претприемачкиот екосистем.

Во рамките на посетата, членовите на делегацијата одблиску се запознаа со активностите и капацитетите на Бизнис иновејшн центр (Business Innovation Center) и на Технолошкиот парк при УЈИЕ, како и со проектите и иницијативите што Универзитетот ги развива во насока на дигиталната трансформација и академските иновации.

Исто така, беше презентирана работата на Институтот „Макс ван дер Штул“ (Max van der Stoel), со посебен акцент на научно-истражувачките активности и меѓународните проекти што се реализираат во рамките на овој институт.

Посетата заврши со прошетка низ универзитетскиот кампус, при што делегацијата имаше можност одблиску да се запознае со современата инфраструктура и академската средина на УЈИЕ.

Google+