„UniversityLawCompetition2026“ е престижен натпревар организиран од Фондацијата Халими (FondacioniHalimi), со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Тирана и други меѓународни партнери. Ова четврто издание беше конципирано како телевизиско симулирано судење кое ги обедини најистакнатите студенти по правни науки од Албанија, Косово и од Северна Македонија, создавајќи регионална платформа за промоција на правната извонредност, критичкото размислување и владеењето на правото.
Тимот на Правниот факултет на УЈИЕ, составен од студентките Флутура Џемаили, Амина Адеми и Ремзије Абази, под водство и менторство на проф. д-р Ведије Раткоцери, успеа да се пласира меѓу трите најдобри екипи на овој натпревар, кој се одржа на 16 и 17 мај во Тирана.
На ова издание учествуваа 16 екипи од правните факултети од Република Албанија, Република Косово и Република Северна Македонија. По неколкунеделни интензивни подготовки и одржување на три рунди вербално соочување, тимот на УЈИЕ се истакна со високото ниво на правно аргументирање, квалитетот на процесните поднесоци, професионалната презентација и тимската соработка.
Како дел од освоената награда, студентките ќе остварат студиска посета на Европскиот суд за човекови права во Стразбур – важно академско и професионално искуство кое ќе им овозможи одблизу да се запознаат со европската пракса и јуриспруденција во областа на човековите права.
Вреди да се напомене дека ова е трет пат по ред како студентите од Правниот факултет на УЈИЕ учествуваат на овој престижен натпревар, додека во 2024 година тимот на УЈИЕ беше победник и го освои првото место.
Овој успех го докажува залагањето на Правниот факултет на УЈИЕ во академската и практичната подготовка на студентите, создавајќи услови и можности за развој на професионалните вештини, критичкото размислување и правните компетенции на меѓународно конкурентно ниво.
