Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ја промовираше сопствената платформа за вештачка интелигенција AI@SEEU

Универзитетот на Југоисточна Европа денеска организираше промоција на сопствената платформа за вештачка интелигенција AI@SEEU.

Оваа платформа е значаен чекор кон дигиталната трансформација и интеграцијата на вештачката интелигенција во високото образование, со што се потврдува посветеноста на УЈИЕ кон иновациите и технолошкиот развој.

Платформата AI@SEEU е уникатно решение за вештачка интелигенција, развиено од самиот Универзитет на Југоисточна Европа. Со овој иновативен проект, УЈИЕ станува првиот универзитет во државата и во регионот кој промовира и имплементира сопствена платформа за вештачка интелигенција за академска и за административна употреба.

На отворањето на настанот беше истакната важноста од користењето на вештачката интелигенција во академските и во административните процеси, како и потребата од создавање современи решенија што придонесуваат за унапредување на квалитетот на високото образование.

Раководителката на работната група и советничка за академско планирање и дигитализација на УЈИЕ, проф. д-р Флорије Исмаили, зборуваше за институционалната визија во областа на дигитализацијата и за стратешкото значење на платформата AI@SEEU.

Таа нагласи дека AI@SEEU е платформа развиена од самиот универзитет, создадена за студентите, за академскиот и за административниот кадар, која нуди напредни можности за користење на вештачката интелигенција во наставата, во научноистражувачката работа и во другите институционални процеси.

Во продолжение, работниот тим ги презентираше главните функционалности на платформата, начинот на користење и потенцијалот за нејзина интеграција во наставните и во административните процеси, како и плановите за нејзин понатамошен развој.

Посебна благодарност беше упатена до студентите Рон Исмаили, Артир Дауди, Али Салихи, Фехми Хавзиу и Нарди Етеми за нивниот придонес и ангажман во развојот и во презентацијата на платформата.

Со овој проект, УЈИЕ го потврдува својот статус на иновативен универзитет и лидер во регионов во областа на дигиталната трансформација.
Google+