Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа 10-та изложба на студентите по Архитектура и дизајн на Факултетот за технички науки

Во организација на Факултетот за технички науки при Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа 10-та по ред Изложба на студентските проекти од студиските програми по Архитектура и дизајн.

Изложбата, која веќе е претворена во традиционален и многу очекуван настан, привлече големо внимание од страна на студентите, нивните семејства, академскиот кадар и раководството на Универзитетот.

На отворањето на изложбата, ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, ја истакна важноста на овој настан за промоцијата на студентската креативност:

„Оваа изложба претставува кулминација на вашата работа, а јас ве охрабрувам стекнатото знаење да го искористите за да создавате и влијаете врз проекциите за модерно Тетово, модерен Гостивар или градот каде што живеете, преку вашите проекти засновани на имагинацијата, креативноста и професионалноста што тука сте ги стекнале.“

Присутните имаа можност одблизу да ги видат креативните проекти на студентите, кои ја рефлектираат теоретската и практичната подготвеност стекната за време на студиите. Нивната работа во областа на урбаниот дизајн, современата архитектура и функционалните урбани интервенции претставуваше доказ за сериозна и професионална посветеност.

Изложбата воедно служи како платформа за поттикнување на интеракцијата меѓу студентите, наставниот кадар и пошироката јавност, создавајќи мостови помеѓу академијата и заедницата.

Google+