Целта на оваа соработка е развој, промоција и имплементација на програмата за дебата во форматот British Parliamentary Debate на УЈИЕ, во рамки на проектот „Практикувај демократија“, кој се спроведува од Westminster Foundation for Democracy со поддршка на Британската амбасада.
Програмата е наменета пред сè за студентите на Правниот факултет, но исто така е отворена и за студентите од сите години и од сите факултети на Универзитетот кои сакаат да ги развијат своите вештини за критичко размислување, јавно говорење и структурирана аргументација. Досегашното искуство на МОФ покажува дека оваа програма, која веќе две години успешно се реализира, им нуди на студентите уникатни можности за учество на дебатни натпревари и академски активности на меѓународно ниво.
Важен елемент на програмата е и менторството на студентите во процесот на обуката и дебатните натпревари. Студентите на УЈИЕ ќе бидат менторирани од професорките на Правниот факултет, проф. Албана Метaj и доц. Фјола Капроли, кои веќе ја имаат посетено обуката организирана од Westminster Foundation for Democracy и ќе ги раководат дебатните групи што ќе се формираат на УЈИЕ.
Дебатниот клуб на УЈИЕ ќе го водат самите студенти, создавајќи традиција секоја година да се вклучуваат нови генерации и да се поттикнува нивното активно учество во демократските и во академските процеси.
