Ова признание е силен доказ за придонесот на УЈИЕ во светската наука и за посветеноста на академскиот кадар за подигнување на стандардите на научното истражување на меѓународно ниво.
Проф. д-р Рамадани, професор по претприемништво и семеен бизнис на Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ, е еден од најпознатите албански научници во областа на претприемништвото, семејните бизниси, иновациите и одржливоста. Тој има дадено значаен придонес во развојот на научната литература со илјадници цитати и научни трудови објавени во престижни меѓународни списанија.
Покрај овој успех, оваа година проф. д-р Веланд Рамадани за првпат е вклучен и во престижната листа „List of Career”, која ја анализира работата и придонесот на научниците од 1788 до 2024 година, евидентирајќи ги најважните фигури во светската наука низ вековите.
„Ова признание ме мотивира да работам уште повеќе во научните истражувања, да истражувам теми кои се дел од мојата научна област и да дадам придонес во напредокот на знаењето и на науката“, истакна проф. д-р Веланд Рамадани, изразувајќи посебна благодарност до колегите и соработниците кои ја ценеле и ја ценат неговата работа.
Со овој најнов успех се потврдува мисијата на УЈИЕ како водечки универзитет во регионов и сведочи дека албанските академици, преку својата посветеност и работа, достојно придонесуваат во светската наука.
