Ректорот Беџети и идниот ректор Ибраими му ја упатија најискрената честитка на проф. д-р Фетаи по повод неговото именување за ректор на УМТ, посакувајќи му многу успех во водењето на институцијата.
Една од клучните точки на средбата беше дискусијата за потребата од поструктурирана и поефикасна соработка помеѓу албанските универзитети во Северна Македонија, со цел оптимизирање на високото образование на албански јазик во земјата. Во овој контекст, ректорот Беџети повторно го потенцираше својот стратешки предлог-проект изработен пред шест години и доставен до надлежните органи, кој има за цел сеопфатен пристап кон консолидација и афирмација на високото образование на албански јазик.
Двете страни ја оценија средбата како значаен чекор кон интензивирање на меѓууниверзитетската соработка, нагласувајќи ја важноста на координирањето на напорите за унапредување на квалитетот на високото образование и развојот на знаењето во служба на младите генерации.
Ректорот Беџети и новоизбраниот ректор Ибраими во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“
26 јуни 2025Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдилменаф Беџети и новоизбраниот ректор, проф. д-р Садудин Ибраими, остварија посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што беа пречекани од новоизбраниот ректор на оваа институција, проф. д-р Беким Фетаи.
Повеќе вести
- УЈИЕ одбележа 25 години од основањето со свечена церемонија и му ја додели титулата „Doctor Honoris Causa“ на академик Абдулменаф Беџети
- ChallengeEU организира кампања за подигнување на свеста за менталното здравје во рамките на 25-годишнината на УЈИЕ
- Правниот факултет на УЈИЕ организира VII Меѓународна научна конференција по правни науки – ISCLS ’26
- УЈИЕ изразува сочувство по повод смртта на проф. д-р Суло Хадери
- УЈИЕ и Институтот на овластени сметководители на Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка
- УЈИЕ и МАПАС потпишаа меморандум за соработка за унапредување на финансиската едукација и професионалната пракса
- Холандската амбасадорка во Северна Македонија, Озлем Џанел, одржа предавање на УЈИЕ на тема „Каков вид иднина сакате?“