За време на средбата беа разменети конкретни идеи за зајакнување на институционалните врски, зголемување на мобилноста на академскиот кадар и студентите, како и за организирање заеднички активности во области од заеднички интерес, со посебен фокус на науката, културата и иновациите.
На средбата присуствуваа и Советничката за заедница и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи, како и Раководителот на Канцеларијата за меѓународни односи, Бујар Синани, кои ги презентираа актуелните иницијативи на УЈИЕ во насока на интернационализација.
Во рамките на францускиот делегација, покрај амбасадорот, присуствуваа и Љупка Димова, аташе за француски јазик, како и Ардиан Рамадани, во улога на преведувач.
Посетата на францускиот амбасадор се оценува како значаен чекор кон проширување на стратешките партнерства и афирмација на УЈИЕ како современ и отворен универзитетски центар во регионов.
