Форумот беше организиран од Институтот либерална алтернатива и Универзитетот на Југоисточна Европа, со поддршка на Иницијатива на економски основи (Economics Fundamentals Initiative) и Фондациите отворено општество. Со настанот се одбележа значајна фаза во тригодишниот развој на Програмата за економско образование, преминувајќи од подигнување на свеста кон институционална консолидација и дигитални иновации.
Свеченото отворање го имаше извршниот директор на Институтот либерална алтернатива, Орхан Цека, кој го презентираше влијанието на Програмата за економско образование во изминатите три години, што се имплементира од Институтот либерална алтернатива во соработка со Иницијатива на економски основи од Соединетите Американски Држави.
На отворањето на форумот се обрати и деканката на Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ, проф. д-р Блерта Абази - Чауши, која го истакна активниот придонес на УЈИЕ во промовирањето на современото економско образование и поврзувањето на високото образование со потребите на општеството и на економијата.
Програмата на форумот вклучуваше две панел-дискусии посветени на современите методи на настава по економија и поврзаноста на економското образование со одржливиот развој, како и презентација на дигиталната платформа EduSpace.
Со Форумот ЕКОНЛИT 2025 се потврди ангажманот на УЈИЕ за унапредување на економското и на финансиското образование преку академска соработка и иновации во образованието.
