Делегацијата на МААРИФ беше примена од ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, во придружба на советникот за односи со заедницата и меѓународните односи, проф. д-р Беса Арифи. Двете страни разговараа за можностите за продлабочување на академската соработка, размена на искуства и унапредување на образовните практики во согласност со современите стандарди.
Во текот на средбата, претставниците на меѓународните училишта MААРИФ му честитаа на ректорот проф. д-р Садудин Ибраими за неговата позиција и за успешното водење на Универзитетот на Југоисточна Европа, ценејќи го неговиот придонес во институционалниот развој и зајакнувањето на квалитетот во високото образование.
Ректорот Ибраими ѝ се заблагодари на делегацијата за посетата и честитките, нагласувајќи ја важноста на меѓуинституционалната соработка како клучен елемент за континуирано подобрување на образовниот систем и за создавање нови можности за студентите.
Средбата беше оценета како конструктивна и беше изразена заемна подготвеност за понатамошна комуникација и соработка во иднина.
