Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Делегација од УЈИЕ присуствуваше на централниот манифест и на научната трибина по повод Денот на албанската азбука во Битола

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими, придружуван од проф. д-р Беса Арифи, Советничка за заедницата и за меѓународни односи, денес учествуваа на двата главни настани организирани во Битола по повод 22. ноември – Денот на албанската азбука.

Во претпладневните часови се одржа научната трибина „Обединување преку буквите – Еден народ, еден јазик, еден буквар“, организирана од Амбасадата на Република Албанија во Скопје. На настанот, кој се одржа во Домот на офицерите во Битола учествуваа истакнати научници, академици и претставници на институции, враќајќи ја Битола во фокусот на научната дискусија за албанскиот јазик и неговото историско патување.

Попладнето, по покана на Владата на Северна Македонија, делегацијата на УЈИЕ присуствуваше на Централниот манифест, на кој присуствуваа премиерот на Косово, претседателот на Собранието на РСМ, градоначалникот на Општина Пјана дељи Албанези, Розарио Пета, претставници на дипломатскиот кор, како и видни личности од културата, од образованието и од граѓанскиот сектор.

За време на престојот во Битола, делегацијата на УЈИЕ го посети и Музејот на албанската aзбука и Библиотеката „Линкест“.

Учеството на ректорот Ибраими и проф. Арифи на двата настани ја истакна посветеноста на Универзитетот на Југоисточна Европа за зачувување, за промоција и за развој на албанскиот јазик, како и неговата активна улога во зајакнување на меѓуинституционалната и дипломатската соработка во земјава и во регионот.

УЈИЕ продолжува да биде значајна академска и културна институција која придонесува во афирмацијата на албанските национални и образовни вредности.

Google+