За време на средбата се разговараше за нови можности за партнерство во областите на одржливиот развој, унапредувањето на квалитетното образование и зајакнувањето на институционалните капацитети. Ректорот Ибраими ја истакна подготвеноста на УЈИЕ да биде активен партнер во иницијативите на ООН насочени кон општествен развој, инклузија и иновации, притоа потенцирајќи ја значајната улога на Универзитетот како регионален центар за образование и истражување.
Г-ѓа Колумбија го оцени придонесот на УЈИЕ во промовирањето на демократските вредности, еднаквоста и повеќејазичното образование, нагласувајќи дека соработката со универзитетите е клучна за постигнување на целите за одржлив развој.
