Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Aмбасадорката на Јапонија, нејзината екселенција Сецуко Кавахара, го посети УЈИЕ и одржа предавање за јапонската надворешна политика

Амбасадорката на Јапонија, нејзината екселенција Сецуко Кавахара, денес го посети Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што беше домаќин на официјалната средба со цел зајакнување на академската и на меѓународната соработка меѓу УЈИЕ и јапонските институции.

Амбасадорката Сецуко Кавахара оствари средба со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, во придружба на советничката за односи со заедницата и за меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи. На средбата, ректорот Ибраими ја информираше амбасадорката за главните достигнувања на Универзитетот, развојните предизвици и стратешките планови за иднината. Двете страни изразија подготвеност за развој на нови академски односи меѓу УЈИЕ и јапонските универзитети, отворајќи важни перспективи за студентска размена и за заеднички истражувачки проекти.

Проф. д-р Беса Арифи и се заблагодари на амбасадорката за посетата и нагласи дека УЈИЕ останува институција која гради силни врски со дипломатските мисии, овозможувајќи им на нашите студенти да ги разберат глобалните случувања директно од оние кои ги обликуваат.

Како дел од посетата, амбасадорката Кавахара одржа предавање пред студентите на УЈИЕ на тема „Надворешната политика на Јапонија“, каде што ги презентираше стратешките приоритети на Јапонија, нејзината глобална улога и принципите врз кои се темели јапонската дипломатија во еден сè покомплексен свет. Студентите покажаа голем интерес, поставувајќи прашања и придонесувајќи во академска дебата.

Посетата на јапонската амбасадорка на УЈИЕ ја потврдува посветеноста на Универзитетот за проширување на својата меѓународна димензија и за обезбедување искуства што ги збогатуваат нивните академски и професионални хоризонти.

Google+