Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Делегација од Меѓународниот Балкански Универзитет во посета на УЈИЕ

Делегација од Меѓународниот Балкански Универзитет (IBU), предводена од ректорот проф. д-р Лутфи Сунар, и составена од асистент професор д-р Ебру Ибиш, проректорка за образование, вонреден професор д-р Катерина Митевска Петрушева, проректорка за истражување и проекти, како и проф. д-р Енис Реџеп, декан на Факултетот за стоматологија, оствари посета на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

Делегацијата беше пречекана од ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, заедно со проректорот за планирање, истражување и претприемништво, проф. д-р Веланд Рамадани, советничката за заедница и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи, и советничката за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Флорије Исмаили.

За време на средбата, беше разговарано за можностите за понатамошна соработка меѓу двата универзитета, со акцент на академската размена, заедничките истражувачки проекти и иницијативите во областа на високото образование.

По тој повод, претставниците на IBU му ја честитаа функцијата на ректорот Ибраими и му посакаа успех во раководењето со Универзитетот на Југоисточна Европа.

Google+