За време на посетата, претставниците на ФПО остварија средба со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, како и со советникот за односи со заедницата и меѓународните односи, проф. д-р Беса Арифи. На средбата претставниците на ФПО ја пофалија посветеноста на УЈИЕ кон отворено управување, институционална одговорност и транспарентност кон јавноста.
Истовремено, претставниците на ФПО и УЈИЕ се согласија да ја зајакнат соработката и да се справат со областите каде што има простор за подобрување, со цел да се постигнат уште повисоки резултати во следниот индекс.
Од своја страна, раководството на УЈИЕ нагласија дека транспарентноста е фундаментален принцип на институцијата уште од нејзиното основање. „Ние сме транспарентни од самиот почеток, бидејќи така сме основани - врз јасни, отворени политики и ориентирани кон институционална одговорност“, соопштија од УЈИЕ.
Посетата беше оценета како важен чекор кон унапредување на стандардите за транспарентност и градење одржлива соработка во функција на континуирано подобрување на високото образование.
